„Агуеро сака да си го одземе животот!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Серхио Агуеро по 10 години го напушти Манчестер сити, а како нов клуб го избра тимот на Барселона.

Агуеро беше убеден дека тоа ќе му овозможи да игра со сонародникот и голем пријател Лионел Меси на клупско ниво, меѓутоа работите се искомплицираа.

Меси како слободен играч замина во ПСЖ, а Агуеро се повреди, па следните два ипол месеци ќе биде надвор од терените.

За Агуеро зборуваше и неговиот пријател и репрезентативец Анхел Ди Марија, кој во иднина ќе ја дели соблекувалната со Меси.

„Кун сака да си го одземе животот. Најлоша работа која му се случи е повредата. Напорно работеше за да биде подготвен, но потоа му се случи спортивното. Се надевам дека ќе се врати“, вели Ди Марија.