Агуеро застана во одбрана на Меси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лионел Меси се раздели од ПСЖ на крајот на сезоната, по што реши да ја продолжи кариерата во Интер Мајами.

На крајот на сезоната Меси доби жестоки критики од страна на навивачите на ПСЖ, иако беше еден од најдобрите играчи на клубот.

Серхио Агуеро не се согласува со критиките на навивачите дека Меси имал неуспешна авантура на „Паркот на принцовите“.

„Ако ги земеме во предвид петте големи лиги, меѓу кои и Лигата на шампиони, има само двајца играчи кои постигнале 20 гола и 20 асистенции. Едниот е Меси, а другиот е Винисиус. Лео беше најдобар асистент и во Лига 1 со 16 асистенции“, вели Агуеро.