Ајакс го испоти Јувентус на „Јохан Кројф арената“ (Видео)


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Ајакс и Јувентус одиграа одличен натпревар на „Јохан Кројф арената“ во кој по 90 минути игра резултат беше 1:1.

Бернардески на самиот старт на натпреварот имаше одлична прилика, но шутираше преку голот. Тогаш фудбалерите на Ајакс ја презедоа иницијативата и направија неколку шанси, а гостите ги спасуваше одличниот Шчесни.

„Бјанконерите“ имаа свои прилики, но одбраната на домашниот тим беше на висината на задачата.  Сепак, не успеаја да го запрат Роналдо кој во 45. минута ја затресе мрежата на Онана.

Со тој резултат се замина на полувреме, а веќе на стартот на вториот дел Ајакс дојде до израмнување. Нерес со одличен гол донесе ерупција на трибините во Амстердам.

До крајот на средбата немаше погодоци, а патникот во следната фаза ќе го дознаеме на реваншот во Торино.