Ајакс знае како се прави профит: Купи фудбалер за милион евра, па го продаде за 75 милиони евра!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ајакс успеа да направи одличен бизнис кога го донесе и го продаде Френки де Јонг. Момчето, кое е фантастично сезонава беше продадено за 75 милиони евра, па тоа е голем приход за тимот од Амстердам.

Интересно е тоа што Ајакс го купи за само еден милион евра пред четири години, а тие знаеја дека станува збор за исклучителен потенцијал и не се измамија.

Вилјем 2 е клубот, кој го продаде Де Јонг за само еден милион евра, а интересно е тоа што за тој тим играа двајцата најскапи холанѓански фудбалери, Де Јонг и Вирџил ван Дајк.

Тоа што е интересно во врска со Де Јонг, а го открија американските новинари, е фактот дека „Најк“ ќе му исплатува дел од платата, која му е договорена со Барселона.