Ајзеа Томас заработи исклучување по минута ипол: Бизарен потег на кошаркарот или грешка на судијата? (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарот на Вашингтон визардс, Ајзеа Томас беше исклучен по само минута ипол во мечот кој Вашингтон го играше против Портланд Трејлблејзерс.

Томас во текот на борбата за топка со крилото на Портланд, Кармело Ентони излезе во аут и таму го турна судијата, кој процени дека тоа беше намерно.

Ајзеа во момент на контактот со судијата беше во „сендвич“ меѓу Лилард и Ентони, а арбитрот го допре со десната рака.

Марат Когут веднаш му го покажа патот кон соблекувалната, а Ајзеа остана да се чуди на паркетот. Откако беше прегледана повторената снимка, беше потврдена одлуката за Томас, кој го напушти теренот.

Портланд на крајот победи со 122-103, а најефикасен бееш Лилард со 35 поени.