Ако Лукаку започне со голови во Интер, Јунајтед ќе добие дополнителни пари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ромелу Лукаку ќе стане нов член на Интер.

Договорен е трансфер помеѓу Манчестер Јунајтед и Неразур, со вкупна вредност од 65 милиони евра.

Исто така, преку одредени бонуси, Јунајтед ќе добие уште 10 милиони евра, тие имаат пет проценти од следната продажба, но и уште еден многу интересен бонус.

Доколку Лукаку почне редовно да постигнува голови во дресот на Интер, Јунајтед ќе заработи повеќe. Треба да постигне 25 голови по сезона во првите три години во Интер, а така ќе заработи максимум уште 15 милиони фунти.

Тоа значи дека е важно само Лукаку да постигнува редовно голови во првите три сезони. Секојпат кога ќе достигне бројка од 25 голови во сезоната, Јунајтед ќе има дополнителни 5 милиони фунти.