Ако Манчестер сити добие казна, Халанд ќе си оди од „Итихад“

Манчестер сити наскоро би можел жестоко да биде казнет затоа што ги прекршил финансиските правила над 100 пати во период од 2009 до 2017/18.

Доколку биде прифатена сугестијата од Премиерлигата, независната комисија треба да изрече жестока казна за премиерлигашот, а се споменува и одземање на титулите, но и исфрлање од елитата.

Англиските медиуми будно ја следат ситуацијата и шпекулираат дека Ерлинг Халанд ќе си замине од клубот ако биде изречена казна, а како следен клуб за норвешкото чудо од дете се споменува Реал Мадрид.

Халанд оваа сезона игра одлично и постигна 31 гол на 28 меча за „граѓаните“ во сите натпреварувања.