Ако Мбапе потпише нов договор со ПСЖ, најмногу ќе слават во – Монако!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Килијан Мбапе е пред важна одлука во кариерата за тоа дали ќе остане во ПСЖ, со кого има договор до 2022 година, или ќе бара нов предизвик во кариерата.

Мбапе пристигна во Париз во 2017 година за 180 милиони евра од Монако, но тие пари треба да бидат исплатени низ различни клаузули.

Обврската за откуп се активираше со останувањето во ПСЖ таа сезона, а до сега ПСЖ на Монако му плати две рати од по 90 и 55 милиони евра. Клубот од Кнежеството засега има добиено 145 милиони евра.

Дали ќе ги добие преостанатите 35 што во време на пандемија сигурно многу значат ќе зависи од последната клазула. Имено, ако Мбапе го продолжи договорот тогаш ПСЖ ќе биде обврзан да го исплати тој бонус. Во случај да одлучи да замине заработката на Монако ќе остане 145 милиони евра.