Ако не биде пронајдена вакција, Олимписките игри во Токио ќе бидат откажани!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на Организацискиот одбор на Олимписките игри во Токио, Јоширо Мори кажа дека игрите нема да се одржат, доколку повторно мора да бидат одложени.

Поради пандемијата на коронавирусот, Олимписките игри во Токио минатиот месец беа одложени за следната година.

Со оглед на тоа дека пронаоѓање на ефикасна вакцина би се победила болеста од која во светот досега починаа повеќе од 200.000 луѓе, но засега далеку е такво нешто, почнаа да се поставуваат и други прашања, односно дали ќе се одржат воопшто Игрите.

„Не, ако мора да ги одложиме и следното лето, тогаш Игрите дефинитивно ќе бидат откажани. Мора да веруваме во тоа, инаку целиот наш напор нема да биде награден“, кажа Мори.