Ако не сакате да ни го продадете, ќе го земеме бесплатно! – Тоа е правилото на Јувентус


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус овој трансфер период е тимот кој најмногу се пишува низ медиумите, тимот кој е еден од најактивните на трансфер пазарот во светот.

Екипата од Торино понуди 15 милиони евра за Витсел, Зенит не сака да го пушти за тие пари и бараа повеќе. Јувентус не понудија повеќе пари од тие 15 милиони па Зенит мораа да се свртат кон другите понуди.

Имаат понуда многу повисока која стигна од Евертон, но се појави друг проблем. Витсел сака само во редовите на италијанскиот шампион.

Договорот на Витсел со Зенит истекува за помалку од 12 месеци, па ова е последната шанса на Зенит да се опари од Витсел.

Веќе во Јануари тој ќе може да преговара со кој сака клуб без да знаат од Зенит и така да ја напушти Русија.

Италијанските медиуми јавуваат дека тој има гаранција од Јувентус дека другото лето ќе го потпишат. Витсел сега ги притиска русите да ја прифатат понудата од Јуве бидејќи тој не сака во друга екипа.

А од Јувентус знаат што работат, тие ќе го добијат Витсел, дали за 15 милиони евра или помалку останува да проследиме