Ал-Келаифи сака да го врати Тухел во ПСЖ!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


ПСЖ синоќа испадна од Лигата на шампиони (ЛШ), па тренерот Кристоф Галтие се соочува со отказ, а првиот човек на парижаните, Насер Ал-Келаифи веќе тргнал по потписот на Томас Тухел.

Ал-Келаифи претходно го избрка Германецот, кој се пресели во Челси со кој стана европски и светски клупски шампион, но на почетокот на оваа сезона се раздели со премиерлигашот.

Француските медиуми пишуваат дека Ал-Келаифи закажал итен состанок со раководството на тимот, по што ќе инсистира да се врати Тухел на кормилото на тимот.