„Ал Рихла“ – најбрзата и најпрецизната топка со која ќе се игра на СП во Катар (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобрите 32 репрезентации во светот следниот ноември и декември ќе играат со „Ал Рихла“, како што се нарекува новата топка која ќе се користи на Светското првенство (СП) во Катар.

„Адидас“, традиционално како и претходните години, изработи специјална топка која ќе се користи на завршниот турнир.

Тоа ќе биде 14. првенство по ред на кое „Адидас“ е задолжен за изработка на топка, а се очекува истата да биде најбрза досега.

„Ал Рихла“ на арапски значи „патување“, а топката е инсписирана со архитектурата и знамето на Катар, па на оваа топка може да се забележат повеќе бои отколку на претходните.