Алаба бара куќа во Мадрид и се знае покрај кој фудбалер на Реал Мадрид сака да живее


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Давид Алаба на крајот на сезонава ќе го напушти Баерн Минхен како слободен фудбалер затоа што му завршува договорот со германскиот шампион.

Репрезентативецот на Австрија не можеше да се договори со германскиот тим за продолжување на соработката, а сега се поврзува со преселба во Реал Мадрид, иако за него беа заинтересирани многу тимови како Манчестер јунајтед, Барселона и Реал Мадрид.

Многумина сметаат дека Алаба на крајот на сезоната ќе потпише за „кралевите“, кој наводно му понудил договор на пет години.

Алаба така ќе му се приклучи на својот поранешен соиграч Тони Крос, кој веќе со години игра на врвно ниво во Мадрид, а шпански „АС“ објави дека Австриецот бара куќа блиску до него.