Алаба доаѓа во Реал Мадрид како слободен фудбалер, но ќе добие голем бонус!

Давид Алаба уште пред еден месец најави дека ќе го напушти германскиот шампион Баерн Минхен по 13 години затоа што смета дека е време за нешто ново во кариерата.

Италијанскиот новинар Фабрицио Романо напиша дека 28-годишниот играч се договорил со Реал Мадрид, а шпански „АБЦ“ ги објави деталите.

Алаба за четиригодишен договор ќе добива неделна плата од 190.000 евра, но и бонус за потпис на договор од неверојатни 20 милиони евра.

Шпанците сметаат дека пристигнувањето на Алаба е знак дека Реал е подготвен да се збогува со Серхио Рамос, кој нема потпишано договор за следната сезона.

Алаба во Баерн Минхен пристигна во 2008 година и од тогаш освои девет титули во Бундеслигата, шест германски Купа, пет германски Суперкупа и многу други трофеи.