Алаба направи споредба меѓу Баерн и Реал Мадрид и сакаше да биде фин, но…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен, Давид Алаба даде интервју за германските медиуми и го спореди претходниот клуб со Реал Мадрид.

Австриецот долго време беше член на Баерн, а како слободен играч се пресели во Мадрид, а многумина сметаат дека тоа е грешка.

„Двете екипи имаат одличен стил на игра и разликите се во детали. Во секој случај, секогаш зависи од тренерот и тоа кој го води тимот. Мојата сегашна екипа е гладна за триумфи и амбициозна, а така беше и во Баерн. Меѓутоа, во Реал од првиот ден почуствував добра атмосфера. Овој клуб е нешто посебно. Не сакам да покажам непочит кон Баерн, но овде во Реал сѐ е на повисоко ниво“, кажа Алаба.