Алармот се вклучи во Англија: Реал Мадрид испраќа понуда за еден од најдобрите напаѓачи?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид оваа сезона ќе се бори да ги одбрани титулите во Ла Лига и Лигата на шампиони, иако тоа воопшто нема да биде лесно.

Иако им оди многу добро со тренерот Карло Анчелоти, сепак управата на тимот бара нов напаѓач за следното лето, а англиски „Сан“ објави дека изборот паднал на Габриел Жесус.

Англиските медиуми пишуваат дека Анчелоти подготвил листа од пет фудбалери кои ги гледа како наследник на Карим Бензема, а прв на листата е Жесус.

Жесус е еден од најважните фудбалери на Арсенал, кој сезонава игра одлично и ќе се бори за титулата во Премиерлигата.

„Кралевите“, исто така, се заинтересирани следното лето да го ангажираат и Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен.