Албанија во игра за осминафинале, реми на Франција и Швајцарија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Денес од 21:00 часот од Групата А се одиграа натпреварите од третото и последно коло од групната фаза на Европското првенство.

Изненадувачки дебитантон на Европските првенства Албанија славеше минимална, но важна победа која ги одржува во игра за пласман во осминафиналето како третопласирана селекција. Имено, како што е познато четири најдобро третопласирани репрезентации ќе обезбедат влез во нокаут фазата.

Романците имаа игра создаваа шанси, сепак недостасуваше реализација. Албанија славеше со голот на Садику во 43 минута од натпреварот. Иначе ова беше првиот погодок на Албанија на Европските првенства.

Франција не успеа овој натпревар да погоди во последните минути како што тоа го правеше на претходните два натпревари, против Романија и Албанија.

Сепак и ова реми без голови против Швајцарија им беше доволно како првопласирана селекција да обезбедат место во нокаут фазата. Швајцарија исто така ќе ја гледаме во продолжение од првенството, тие завршија на второто место со пет освоени бодови.