Алегри е бесен на Јувентус и смета дека клубот го измамил!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Масимилијано Алегри е разочаран поради преодниот рок кој го имаше Јувентус и бесен на клупскиот врв затоа што не ги добил фудбалерите кои ги сакаше.

Алегри се врати во Јувентус по неуспешниот експеримент на тимот со Андреа Пирло на тренерското место, но искусниот стратег освои само бод во првите две кола.

Иако имаше некои трансфери и засилувања, сепак повеќе внимание привлече заминувањето на Кристијано Роналдо во Манчестер јунајтед, па поради тоа Алегри не е задоволен.

Алегри му е лут на претседателот Андреа Ањели, но и на спортскиот директор кои не му ги исполнија желбите, па останува да видиме што ќе се случува во редовите на поранешниот италијански шампион.