Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри беше разочаран по ремито против Аталанта (1-1), по што за медиумите кажа дека се предал од борбата за Скудетото.
Јувентус вчера се спаси од пораз во Бергамо со голот на Данило во 92. минута, а Алегри смета дека неговата екипа нема шанси за титула, туку трофејот ќе му припадне на Интер.
„Имам голема почит кон Милан и Наполи, но сметам дека Интер ќе го освои трофејот затоа што има најсилна екипа. Во моментов тие се подобри од нас, зашто ние загубивме бодови на почетокот на сезоната“, кажа Алегри.
Јувентус е на четвртата позиција во Серија А со 46 бодови, додека лидерот Милан има девет бода повеќе.