Алегри ќе остане во Јувентус и во 2025 година


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Масимилијано Алегри нема да го напушти Јувентус на крајот на сезоната без разлика на резултатите кои ќе ги има калчолигашот, пишуваат италијанските медиуми.

„Газета дело Спорт“ објави дека Алегри разговарал со спортскиот директор Кристијано Џунтоли за новите засилувања за следната сезона.

Раководството на Јувентус е задоволно од Алегри и планира да го задржи до крајот на договорот, по што постои опција да се почнат преговори за нова соработка.

Јувентус се наоѓа на втората позиција во Серија А со еден бод помалку од Интер.