Алегри: Ме нервирате со тоа што зборувате дека сакам да победувам со 1-0!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јувентус одигра 1-1 против Нант на домашен терен во првото коло од плејофот во Лига Европа, а тренерот Масимилијано Алегри беше нервозен по мечот.

Алегри кажа дека нема смисла да се зборува за контроверзната ситуација која според многумина беше пенал, а потоа посочи дека го нервираат изјавите дека сакал да победува со 1-0.

„Никогаш не сум кажал дека сакам да победувам со 1-0. Ме нервирате со тие глупости. Се создаде слика која не е вистинска. Погледнете ја статистиката на моите тимови, секогаш имав најдобра одбрана и втор најдобар напад. И во Милан и во Јувентус. Моите екипи постигнуваат по 70-80 голови во сезона. Тоа се бројките“, кажа Алегри.