Алегри му одржа лекција на Влаховиќ: Имаш уште многу да учиш!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот голгетер Душан Влаховиќ не успеа да постигне гол во ремито на Јувентус и Торино (1-1), па може да се каже дека го одигра најслабиот натпревар откако дојде во италијанскиот гигант.

Бразилскиот стопер Бремер беше одличен против Влаховиќ и поради тоа тренерот Масимилијано Алегри мораше да го замени на 20 минути пред крајот, а по последниот судиски свиреж му одржа лекција на Србинот.

„Се мачеше затоа што е добар фудбалер, но треба да научи многу работи. Требаше да го извлече Бремер по теренот, зашто тој е силен со директни топки, но средбата со Торино покажа дека треба уште да напредува“, кажа Алегри.

Шанса за поправен испит ќе има во вторник кога „Старата дама“ ќе се соочи против Виљареал во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампиони.