Алегри нападна тројца фудбалери на Јувентус


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Масимилијано Алегри најверојатно ќе го напушти кормилото на Јувентус следното лето, а се очекува негов наследник да биде Тијаго Мота.

Навивачите го критикуваат Алегри поради неговиот стил на игра, а стратегот на Јувентус нападна тројца фудбалери и посочи дека тоа е причината за лошите резултати.

„Интер е подобар од нас бидејќи постојано имаше предност од 12-14 бодови. Имаше и голем број фудбалери кои беа во лоша форма како Влаховиќ, Кин и Кјеза“, кажа Алегри.

Италијанецот има договор со калчолигашот на уште една сезона, но најверојатно нема да ја одработи.