Алегри: Ни одземаа 15 бодови, но овој тим има страст, срце и душа!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус вчера славеше во големото дерби против Интер на „Џузепе Меаца“ со 1-0, а стрелец на голот беше Филип Костиќ во 23. минута.

Тренерот Масимилијано Алегри беше задоволен со настапот на неговата екипа, зашто таа сè уште покажува страст на теренот, иако на Јувентус му беа одземани 15 бодови.

„Цел тим се поправи и среќни сме. Не му дозволивме на Интер да ни даде гол. Ни одземаа 15 бодови, но ние покажавме дека имаме срце, страст и душа. Играме и четвртфинале во Лига Европа, но и полуфинале во Купот“, кажа Алегри.

Јувентус се жали на одлуката на Серија А да одземе 15 бодови, а конечната одлука на арбитражниот суд ќе биде позната на 15 април.