Алегри распали по Влаховиќ поради поразот од Сасуоло


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Сасуоло славеа со 4-2 против Јувентус во петтото коло од Серија А, по што тренерот Масимилијано Алегри кажа дека е разочаран од настапот на неговите фудбалери.

Душан Влаховиќ го почна натпреварот, но беше заменет во 75. минута со Мојсе Кин откако пропушти неколку добри шанси.

Италијанските медиуми пишуваат дека Алегри се скарал со Влаховиќ по натпреварот, а дека нешто има меѓу нив потврди и изјавата на тренерот.

„Имаше неколку важни ситуации, но не ги искористи. Натпреварот не беше добар за нас“, кажа Алегри.

Јувентус во следното коло ќе игра против Лече.