Алегри: Во изминатите денови Јувентус од ривал на Интер го претворија во губитник!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус се искачи на втората позиција во Серија А со 13 бодови, односно два помалку од лидерот Интер, но и покрај тоа екипата добива критики од медиумите.

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри вели дека медиумите без потреба го напаѓаат тимот од Торино.

„Во изминатите денови од ривали на Интер преминавме во губитници. Така што мислам дека мора да се избалансира начинот на кој се зборува за нас. Не сакам да кријам дека Интер, Милан и Наполи имаат повеќе ресурси од нас. Ние немаме многу играчи со големо искуство, но потребно е трпение за тие да растат“, кажа Алегри.