Александер- Арнолд избран за најдобар млад фудбалер во Премиер лигата


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерот на Ливерпул, Трент Александер- Арнолд е избран за најдобар млад фудбалер во Премиер лигата за сезоната што измина.

21 годишниот дефанзивец во битката за оваа престижна награда ги победи играчите на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, Ентони Марсијал и Мејсон Гринвуд.

Арнолд во сезоната имаше 13 асистенции и беше втор асистент во лигата по Кевин Де Брајн од Манчестер Сити.