Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Алексис Санчез никако не може да се изнаигра фудбал по неговото заминување од Арсенал и преминување во Манчестер Јунајтед.
Откако не се снајде на „Олд Трафорд“ направи премин како позајмен фудбалер во Интер кој имаше право да го откупи неговиот договор.
Сепак поради неуверливите настапи (15 натпревари -1 гол) од Интер не планираат да му понудат перманентен договор, па Алексис и следното лето ќе биде приморан да притиска за заминување од Манчестер јунајтед.
Јасно е дека Алексис не сака да игра во тимот на Оле Гунар Солскјер, меѓутоа за да си замине ќе треба да се помачи со оглед на фактот што многу малку клубови ќе се заинтересирани да го донесат во своите редови.