Алкараз откри како ќе изгледа „големата тројка“ во следните години


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го освои Ју-Ес Опен и се искачи на првото место на АТП-листата, а во последното интервју откри какви се неговите очекувања за иднината.

Алкараз е талентиран тенисер и од него се очекуваат многу трофеи во иднина, а веќе знае кој ќе ја замени „големата тројка“ во иднина.

„Мислам дека во големата тројка ќе бидам јас, Јаник Синер и Александер Зверев. Ривалството со Синер е возбудливо и играме интересни натпревари. Не знам дали по 20 години ќе се споредуваме со нив, затоа што тие освоија многу, но сепак сме на почетокот и очекуваме добра кариера“, кажа Алкараз.