Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Новак Ѓоковиќ одлучил накратко да проба како е да се шета по улиците на Њујорк без да биде препознаен на секој чекор од минувачите.
За српскиот тенисер речиси е невозможно ненападно да помине низ некој од најголемите светски градови, па овој пат пронајде интересно решение.
Ѓоковиќ облече дуксер, стави капа, врз него износи качулка, и додаде очила за сонце. Според видеото кое го објави на Инстаграм, маскирањето си го направи своето и тој можеше сосема мирно да се движи низ градот.
За својата прошетка го избра местото каде што е веројатно најтешко да се избегне гужвата – познатиот Тајмс Сквер.















