Крај на една ера: Солзи среде меч, телото веќе откажа, Новак не може повеќе!


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ беше елиминиран во првото коло на САД Опен. Аргентинецот Маријано Навоне славеше со 3:2, според сетовите 7:6, 5:7, 4:6, 6:2 и 6:1, но по сцените во Њујорк јасно е дека една голема ера се ближи кон крајот.

Новак Ѓоковиќ за првпат во кариерата испадна во првото коло на САД Опен. Сцените кои беа видени во Њујорк навистина се неверојатни бидејќи Ноле играше и плачеше.

Телото на најголемиот од сите времиња не издржа. Повраќаше за време на мечот, беше јасно дека не може повеќе и на крајот доживеа пораз од целосен аутсајдер.

Новак Ѓоковиќ изгледа многу емотивно спуштен при 1-3 во 5-от сет против Навоне на САД Опен.

Дефинитивно во физичка болка, но овие изгледаат како и емоционални солзи.

4+ часа на 39 години.

Публиката во Њујорк се обидува да му даде поддршка за уште едно херојско враќање.

🥹 pic.twitter.com/QsZqF0Z04o— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) 31 август, 2026