Алкараз воодушевен: Ѓоковиќ е супер-човек!


Роналдо - човек рекорд! Франција и Белгија во дербито на денот! ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ќе го брани трофејот на Вимблдон, но доби лоши вести пред турнирот затоа што се враќа Новак Ѓоковиќ.

Србинот неодамна направи операција и не се очекуваше негов настап пред Олимписките игри (ОИ) во Париз, меѓутоа Ѓоковиќ се рехабилитира за пократок период.

„Изненаден сум од неговото враќање, знаеме сите колку се грижи за неговото тело. Без разлика на операцијата и краткото време на рехабилитација, тој е на листата со фаворити. Тој е супер-човек“, кажа Алкараз.