Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Преговорите на Челси со Хаби Алонсо напредуваат, а шпанскиот стручњак има силна поддршка од играчите кои го гледаат како идеално решение за нов тренер. Во соблекувалната владее уверување дека поранешниот стратег на Реал Мадрид и Баер Леверкузен е човекот кој може да ја врати екипата на победничките патеки, пишува „Гардијан“. Иако договорот сè уште не е постигнат и Челси ги разгледува сите опции во потрага по наследникот на Лиам Розенјор, кој беше отпуштен минатиот месец по само 106 дена, Алонсо е главен фаворит.
Четириесет и четиригодишниот Алонсо сака да извлече поуки од неговиот престој во Мадрид, каде издржа само 34 натпревари. Најверојатно, Шпанецот бара гаранции околу одредени елементи, вклучувајќи и влијание врз трансферите, а изгледа дека во Челси се спремни тоа да му го овозможат, јавува Тајмс.
Иако клупската структура од пет спортски директори, предводени од Пол Винстенли и Лоренс Стјуарт, нема да се менува, во клубот постои свесност дека на стручњак од калибарот на Алонсо мора да му се даде право на глас при доведување на играчите и дека појачувања не треба да му се наметнуваат.
















