Алонсо не е единствена опција за Реал Мадрид, Перез има друг фаворит!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Карло Анчелоти најверојатно ќе го напушти кормилото на Реал Мадрид, а претседателот на тимот, Флорентино Перез веќе бара негова замена.

Шпанските медиуми пишуваат дека Чаби Алонсо не бил единствен кандидат за нов тренер, туку Перез веќе го контактирал и Роберто Де Зерби кој е импресивен на клупата на Брајтон.

Италијанецот го наследи Брајтон од Грем Потер и ги воодушеви сите со неговите настапи. Тој негува офанзивен фудбал и развива млади фудбалери.

Де Зерби од почетокот на кариерата ги предводеше Палермо, Беневенто, како и Сасуоло.