Алушовски е нов тренер на Вардар!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Поранешниот капитен на Вардар, Стевче Алушовски е нов тренер на европскиот шампион, откако со управата се договори за соработка, па ќе го замени Едуард Кокшаров, кој привремено беше на тренерското столче.

Алушовски повторно се враќа во Вардар, каде што во 2010 година го одигра последниот меч за нив, а исто така беше и капитен на екипата.

Со „црвено-црните“ во кариерата освои 11 трофеи, од кои шест во македонското првенство и пет во македонскиот Куп, а во 2004 година ја доби наградата за најдобар ракометар во Македонија.

Алушовски ја почна тренерската кариера во Пелистер, каде што запиша 11 победи по ред, а потоа се пресели во Еурофарм Работник, со кој стигна до второто место во Македонија и го однесе тимот до СЕХА-лигата и Лигата на шампиони.