Алушовски: Имаме 11 меча во еден месец, ќе биде пеколно!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот европски првак Вардар вчера ги почна подготовките за пролетниот дел од сезоната, иако екипата не беше комплетна, односно дел од ракометарите имаат репрезентативни обврски.

Тренерот Стевче Алушовски зборуваше за очекувањата до крајот на сезоната.

„Имаме еден краток период за подготовки затоа што не очекува втората полусезона и густиот распоред во февруари. Поради репрезентативни обврски ни недостигаат седум ракометари. Дисингер се враќа во четврток затоа што нема да биде со репрезентацијата на Германија на СП. Стоилов, Мишевси, Талески и Димитроски ќе отсуствуваат од поготовките. Сакам Македонија да игра на СП, но ќе бидам среќен и ако ни се приклучат. Без Чупиќ и Патрик ќе бидеме до 28. Јануари. За нас најважен ќе биде дуелот со Порто и се надеваме на позитивен резултатот кој треба да ни даде имплус за остварувањето на нашите цели. Имавме и проблеми со Ковид-19, се надевам дека тоа е зад нас“, вели Алушовски.

Вардар го очекуваат дури 11 напревари во февруари и сите знаат дека ќе биде пеколно тешко.

„Следниот месец ќе одиграме дури 11 натпревари и тоа ќе биде многу тешко. Имаме патувања и подготовка за секој меч, ќе биде пеколно и многу тешко, мора максимално да бидеме фокусирани. Размислувам позитивно и очекувам овој состав да го издржи тоа, но не би било изненадување ако пристигне барем еден ракометар во текот на полусезоната“, изјави Алушовски.