Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски во интервју за официјалниот сајт на Вардар кажа дека одложувањето на натпреварите од ЕХФ станува проблем за екипата.
Ако немаше проблеми Вардар сега ќе се подготвуваше за четвриот натпревар во Лигата на шампионите, но поради двете одложувања Вардар има одиграно само еден натпревар, и тоа против Мешков Брест.
На Вардар му беа одложени натпреварите против Елверум дома и ПИК Сегед на гости. Средбата со Елверум требаше да се игра во ист ден кога и Шкендија играше против Тотенхем во Скопје, па Алушовски направи споредба помеѓу тие две ситуации.
„За мене е несфатливо како Тотенхен можеше, а Елверум не можеше да дојде во Скопје. И Швајцарија има строги протоколи, па Криенс дојде да игра меч со Металург. Несфатливо е дека ПИК Сегед беше во Полска, а потоа дома не можеше да организира средба. Но, се менуваат многу правилата. Се надевам дека нема да дојдат уште полоши времиња. Клубот се спасува од колапс, дојде човек што го сака, и ете немаме натпревари, не можеме да ја подигнеме форма да дојдат и нови спонзори во клубот. Мораме на тренинг добро да тренираме, секој играч да биде фокусиран. Само така можеме да се надеваме на добра форма“.
Алушовски потврди дека се прават напори клубот да одигра контролни натпревари. За него најдобра опција е Металург.
„Ако не играме натпревар од СЕХА лигата, се надевам дека Металург ќе ни излезе во пресрет и ќе можеме барме да одиграме некој меч. Се гледа дека формата оди во надолна линија. Флензбург играше неколку силни натпревари, екстра дуели, со силни ривалири, со висок ритам, и ние тренираме со замислен противник, и потоа не играме. Мислам дека сме многу хендикепирани.Држиме позитивна атмосфера, се трудиме да го искористием на најдобар начин, со тренирање со висок интензитет“, изјави Алушовски.
Целото интервју прочитајте го ТУКА.