Алвеш ќе остане во затвор до почеток на судењето


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Судот во Барселона ја одби жалбата на бразилскиот фудбалер Дани Алвеш да биде пуштен на слобода со кауција до почетокот на судењето.

Алвеш мора да остане зад решетки до почеток на судењето поради опасност од бегство, а засега не е познат датумот кога ќе се најдат во судница.

Шпанското обвинителство пред неколку дена побара од Судот да го задржи Алвеш во притвор, поради тоа што Бразилецот е осомничен дека силувал девојка во диско.

Одбраната на бразилскиот фудбалер, од друга страна, бараше Алвеш да биде пуштен на слобода, меѓутоа барањето беше одбиено.