Амбициозниот план на Перез: Ќе го земе Мбапе бесплатно, а ќе го купи и Халанд


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид се обидуваше во летниот преоден рок да го купи Килијан Мбапе, но дури и понудата од 220 милиони евра не беше доволно за ПСЖ.

Мбапе сака да се пресели во Реал Мадрид и не прифати ниту една понуда за нов договор од парижаните, па така јасно испрати порака до раководството и сака следното лето да си замине бесплатно.

Карим Бензема претходно кажа дека Мбапе ќе игра еден ден за Реал Мадрид, а очигледно тоа ќе го видиме следното лето, барем таков е планот на претседателот Флорентино Перез.

Перез постигнал договор со Мбапе, кој треба да биде потврден во јануари за преселба на Французинот во Мадрид следното лето.

Исто така, Перез ќе може да купи уште една ѕвезда, а изборот паднал врз Ерлинг Халанд, но допрва следат тешки преговори со неговиот менаџер Мино Рајола.