Американец го „стресе“ тенискиот свет: Нашиот проблем се Ѓоковиќ, Надал и Федерер!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Американскиот тенисер Френсис Тиафо даде интересна изјаваза медиумите по добриот старт на турнирот во Вашингтон, каде што славеше против Кристоф Јубенкс со 2-0 во сетови и избори осминафинале.

Тиафо даде искрена изјава која го „стресе“ тенискиот свет поради неговата искреност.

„Нашиот проблем не се нашата националност, ниту земјата од која доаѓаме, туку се Федерер, Ѓоковиќ и Надал. Тие се главна пречка за останатите тенисери“, кажа Американецот.

Тоа го покажува и податокот дека Енди Мареј, Ѓоковиќ, Надал и Федерер освоија 66 гренслем-титули од 2003 година.

Последен тенисер од САД кој освои гренслем-турнир беше Енди Родик, кога во 2003 година триумфираше на Ју-Ес опен.