Пропадна трансферот на Манчестер Сити од 140 милиони евра

Енцо Мареска практично ја изгасна можноста Манчестер Сити да го исполни ултиматумот на Челзи денес за Енцо Фернандез.

Челзи му даде рок на Сити до 17 часот по британско време да испрати понуда која ќе ги задоволи нивните барања, но Мареска изјави дека не очекува никаква зделка во текот на денот. Челзи бара околу 140 милиони евра за аргентинскиот играч од средниот ред.

Интересот на Сити за Фернандез и понатаму постои, но Челзи по истекот на рокот нема намера да го продаде еден од своите клучни играчи во овој преоден рок.