Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Трансферот на шпанскиот репрезентативец Родри од Манчестер Сити во Барселона треба да се комплетира денес.
Барселона е пред реализација на спектакуларен потег. Нов играч на каталонскиот клуб ќе стане еден од најдобрите фудбалери во светот – Родри.
По неколкунеделни преговори и одбивање на бројни понуди од страна на Манчестер Сити, Барселона реши да ја плати побараната сума од 70 милиони евра. На оваа сума ќе додаде и бонуси кои ќе го зголемат износот на трансферот и англискиот клуб ја прифати понудата.
Според информациите од Англија, трансферот ќе биде завршен денес. Барса сака Родри да биде на тренинг веќе во понеделникот, за што побрзо да започне да се вклопува во тимот.
По завршувањето на трансферот на Родри, Барса ќе се насочи кон реализацијата на трансферот на позицијата напаѓач. Хулијан Алварез е првиот избор и ќе видиме дали и Аргентинецот ќе се пресели на Камп Ноу.
Доаѓањето на Родри, еден од најдобрите во светот, сигурно ќе донесе многу на Барса. Станува збор за врвен фудбалер кој зад себе има сите можни трофеи.
















