Американките воодушевени поради соработката со Андоновски: Тој е еден од најинтелигентните фудбалски мозоци!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонецот Влатко Андоновски синоќа беше поставен за нов селектор на женскиот фудбалски тим на САД, кадешто седна на местото на Џил Елис.

Андоновски долго време го поврзуваа со клупата на САД, а токму вчера се остварија шпекулациите на „Њујорк Тајмс“.

Американките се воодушевени поради тоа што ќе соработуваат со Андоновски, па за него имаа само пофални зборови.

Најпрво Меган Рапино го пофали новиот селектор на САД, а на неа се надоврза и Али Лонг.

„Андоновски е еден од најинтелигентните фудбалски мозоци, кои сум ги сретнала во мојата кариера. Тој ја знае играта и многу време посветува на неа. Влатко е еден од најдобрите луѓе кои сум ги сретнала досега“, порача Лонг.