Американската кошаркарка призна дека шверцала дрога во Русија

Американката Бритни Грајнер, која се наоѓа во затвор во Русија, призна дека шверцала дрога, откако беше уапсена во февруари.

На почетокот на годината ѝ беше пронајдено шишенце со канабис, па поради ова може да се соочи со 10-годишна затворска казна.

„Почитуван судија, виновна сум. Немав намера да го прекршам законот, навистина тоа не ми беше цел“, кажа Грајнер.

Кошаркарката кажа дека ѝ требало време да се подготви, па судењето е одложено за една недела.

Грајнер е една од најдобрите кошаркарки во женската професионална лига (ВНБА) во САД, а беше член на Финикс Меркјури. Американката со нејзината репрезентација освои два златни медали на Олимписките игри.