Американски бизнисмени сакаат да ја купат Аталанта за 350 милиони евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Калчолигашот Аталанта наскоро би можел да добие нови газди, затоа што инвестицискиот фонд од САД сака да го откупи тимот од семејството Перкаси за 350 милиони евра.

Ова семејство го презема тимот во 2010 година, кога беа во Серија Б, а сега на чело со тренерот Гасперини се борат за самиот врв во Серија А.

Инвестицискиот фон од САД планира со 350 милиони евра да купи 85 отсто од акциите додека остатокот ќе го задржи семејството Перкаси.

Антонио Прекаси е поранешен фудбалер на Аталанта, а досега беше и претседател на клубот, но по доаѓањето на новите газди ќе стане директор.