Анчелоти бара замена за Начо – се мисли за ново засилување или фудбалер од академијата на Реал Мадрид


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Реал Мадрид продолжи со внатрешните разговори за потенцијалните засилувања на екипата во пресрет на вториот дел од сезоната, а тренерот Карло Анчелоти веќе размислува за иднината на Начо Ернандез.

На списокот со потенцијални засилувања на Анчелоти е Лисандро Мартинез, иако стратегот го следи и 20-годишниот Рафа Марин кој покажа што знае во екипата на Кастиља.

Планот на Анчелоти му е да ангажира фудбалер уште во јануари за да го зацврсти тимот пред продолжение на битката со Барселона за титулата во Ла Лига.

„Кралевите“ исто така покажаа и интерес за Бенџамин Павар, но сепак тој се остава како последна опција и раководството на европскиот првак ќе ги разгледа прво останатите две можности.