Анчелоти даде дозвола: Ѕвезда на Реал Мадрид се сели во Турција


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Галатасарај и Фенербахче водат голема битка за титулата во Турција, па и двете екипи бараат засилувања, а една од нив наскоро би можела да добие играч од Реал Мадрид.

Екипата на Галатасарај преговара со „кралевите“ за Дани Себаљос, а дозвола за негово заминување дал и тренерот Карло Анчелоти.

Себаљос одигра 280 минути оваа сезона и постигна еден гол за Реал Мадрид, а Анчелоти убедуваше дека ќе остане во клубот, меѓутоа најверојатно се премислил.

Фудбалерот има договор со Реал до 2027 година, па Галатасарај ќе мора да плати отштета за неговиот потпис, но засега не е познато колку пари ќе издвои.