Анчелоти доби буџет од 400 милиони евра: Три имиња има на неговиот список!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Европскиот и шпански шампион Реал Мадрид ова лето на располагање ќе има повеќе од 400 милиони евра во трансфер-периодот.

Претседателот на тимот, Флорентино Перез две години штедеше за да го ангажира Килијан Мбапе, но на крајот не успеа и сега тие пари ќе му бидат на располагање на тренерот Карло Анчелоти.

На списокот со желби на Анчелоти се наоѓаат три потенцијални засилувања, а едно од нив е Садио Мане, кој долго време се поврзува со заминување од Ливерпул.

Анчелоти го сака и напаѓачот на Бенфика, Дарвин Нуњез, кој би можел да чини околу 50-70 милиони евра, додека околу 60 милиони се очекува да бидат потрошени на Орелиеан Чуамени од Монако.