Анчелоти донесе конечна одлука за иднината на Азар


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Белгискиот фудбалер Еден Азар ги разочара сите по доаѓањето во Реал Мадрид, а често имаше проблеми и со повреди.

Сезонава конечно ги надмина проблемите, но тренерот Карло Анчелоти не му даде многу шанса на теренот, па тоа предизвика шпекулации дека Белгиецот ќе си замине на крајот на сезоната.

Италијанскиот тренер, сепак, не мисли така и за медиумите кажа дека Азар ќе остане во Мадрид без разлика на тоа што не е прв избор.

„Азар ќе остане во Мадрид и следната сезона, имаме план и верувам дека ќе може да го покаже неговиот квалитет поради кој беше купен од Реал“, кажа Анчелоти.