Анчелоти е воодушевен од Хрватот: Модриќ е неуништлив!


Роналдо нека се пази, Мароко гази - 19 ден ↓↓↓



Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ вчера постигна неверојатен гол во победата од 4-1 на Реал Мадрид на гостувањето кај Селта Виго.

Шпанскиот гигант тргна сигурно во новата сезона во која ќе ја брани титулата во Ла Лига, а Модриќ кажа дека победата против Селта била ептен важна.

„Ова беше важна победа на терен на кој вообичаено се мачиме. Денеска одигравме одличен натпревар“, кажа Модриќ.

Тренерот на шпанскиот првак, Карло Анчелоти го пофали Хрватот на прес-конференцијата за медиумите по натпреварот.

„Модриќ е неуништлив. До неговиот гол мечот беше израмнет“, кажа Анчелоти.